Македонскиот претставник во европскиот Челинџ куп, Штип УГД останува единствениот непоразен тим во најсилното машко одбојкарско првенство, запишувајќи ја петтата победа во исто толку натпревари.
Штипскиот состав беше сигурен на домашен терен во дуелот со Јанта Волеј мажи и рутински стигна до нови три бода, со кои останува на врвот на табелата. За Штип УГД ова беше последна проверка на силата во пресрет на реваншот со Кол Ил во рамките од третото по квалитет европско клупско натпреварување.
Резултати во 5.коло Прва одбојкарска лига на Македонија:
СТРУМИЦА – СКОПЈЕ 3:0 (25:17, 25:11, 27:25)
ШТИП УГД – ЈАНТА ВОЛЕЈ МАЖИ 3:0 (25:17, 25:7, 25:7)
МАКЕДОНИЈА ЏИО – ШКЕНДИЈА 1:3 (18:25, 25:21, 19:25, 18:25)
УНИ ВО ТЕТОВО – ГОК БОРЕЦ 0:3 (22:25, 17:25, 22:25)
ВЕСНА ПРОБИШТИП – РАБОТНИЧКИ 71&22 0:3 (18:25, 17:25, 17:25)
СУШЕВО – ЛИРИЈА 3:1 (26:24, 25:17, 23:25, 25:15).
Фото: ОФМ
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: