Најдобрите одбојкари на Македонија на домашниот паркет во Скопје, во салата „Јане Сандански“, загубија од фаворитот, Грција, 1:3 (25:15, 18.25, 23:25, 20;25) во вториот квалификациски натпревар од групата Ф, за пласман на Европското прврнство (ЕП) 2026 година.
Македонија одлично го почна мечот, го доби првиот сет убедливо со 25:15, но не успеа да продолжи во ист стил и со исто темпо во следните три сета.
Во првиот меч Македонија ја совлада Грузија на гости со 3:0 (25:12,25:14 и 25:18). Следните два квалификациски меча, Македонија ќе ги игра следната година, на 28 јуни дома, и на гости со Грција, на 13 август.
На завршниот турнир за ЕП 2026 директно се пласираа осумте најдобри репрезентации од минатото ЕП 2023, како и четирите земји домаќини. Нив ќе им се придружат седумте првопласирани селекции во квалификациските групи, плус петте второпласирани со најдобар скор.
Домаќини на следното ЕП 2026, како и во минатите три изданија, ќе бидат четири земји, Бугарија, Романија, Финска и Италија. Македонија настапи на ЕП на последите три изданија, во 2019, 2021 и во 2023 година