Одбојкарите на Франција ја одбранија олимписката титула

Француската одбојкарска репрезентација е новиот/стар олимписки шампион, која во финалето ја совлада селекцијата на Полска со 3:0 (25:19, 25:20, 25:23).


Сите беа подготвени за нов спектакл, за меч можеби и во пет сета, но Полска како да подлегна на притисокот и на крајот по само три сета ѝ ја предаде олимписката круна на Франција. „Триколорите“ беа подобри во сите сегменти и сосема заслужено се закитија со уште едно златно одличје.

Третото место го освои селекцијата на САД, која беше подобра од Италија со максимални 3:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО