Кошаркарот на Олимпијакос, Филип Петрушев, наскоро би можел да биде отстапен на Црвена Звезда на позајмица во новата сезона.
Како што пишуваат грчките медиуми, Еван Фурние е на чекор од потпис со Олимпијакос и дека договорот ќе биде потпишан најверојатно на три години, а поради неговото доаѓање, тренерот Јоргос Барконас, е подготвен да го прати Петрушев на позајмица во белграскиот клуб.
Не е воопшто тајна дека Црвена Звезда извесен период сака да го врати Петрушев во своите редови, а Олимпијакос не беше баш расположен до сега за таа опција, но по се изгледа дека ќе попуштат и ќе се договорат.
Петрушев ги напушти „црвено-белите“ пред повеќе од една година, верувајки дека за него има место во НБА лигата, но набрзо се врати во Европа и потпиша со Олимпијакос, со кои има се уште важечки договор.
Олимпијакос наводно сака да го задржи Петрушев до 2028 година, но проценката била дека во овој момент најдобро решение била позајмица и дека Грците наскоро ќе го ослободат.