Oд нигде, никаде: Манчестер Сити останува без својот капитен?

Aнглиските медиуми денеска брифираат дека Манчестер Сити е на добар пат во следните недели, да го загуби капитенот Кевин Де Бруин.

Белгискиот фудбалер има важечки договор со Сити на уште една сезона, а инвеститори од Саудиска Арабија со сите сили притискаат овој играч да го видат во Ал Итихад.

Де Бруин во Сити заработува околу 21 милион евра по сезона, додека според „Трансфермаркет“, тој вреди околу 60 милиони евра на трансфер пазарот.

Де Бруин наводно веќе имал одредени контакти со Ал Итихад и се тврди дека бил расположен за трансфер во Саудиска Арабија, каде би заработувал барем 50 милиони евра по сезона, или барем два ипол пати повеќе.

Ал Итихад е предводен од Лоран Блан, а таму има силни имиња како што се Нголо Канте, Карим Бензема, Фабињо и Жота. Минатата сезона не имбеше најдобар, бидејки во првенството заостануваа доста зад првопласираниот Ал Хилал.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО