Од НБА во Белград! Партизан се договори со Покушевски

Постигнат е договор меѓу крилниот кошаркар (висок 2,13 метри), 22-годишниот Алексеј Покушевски и Партизан, пренесува Спорт Клуб, додавајќи оти наскоро се’ ќе биде официјализирано. Контакт меѓу двете страни имало од јули и тој завршува со позитивен исход.

Покушевски по НБА лигата ќе игра под палката на Жељко Обрадовиќ во Партизан. Тој летово чекаше ангажман во НБА, откако доби отказ од Шарлот хорнетс, но бидејќи не најде, а Хорнетс не смета повеќе на него, реши да се врати во родната Србија.


Тој мина три години во НБА, уште кога како тинејџер остави белег од Олимпијакос во САД. Прво играше за Оклахома Сити тандер, кои го избраа како 17-ти пик, а минатата сезона ја заврши во Шарлот, по трејдот.

Покушевски е 12. засилување на црно-белите за следната сезона. Пред него пристигнаа Френк Ниликина, Ифе Лундберг, Вања Маринковиќ, Брендон Дејвис, Тајрик Џонс, Аријан Лакиќ, Марио Накиќ, Стерлинг Браун, Ајзеа Мајк, Исак Бонга, Дуан Вашингтон јуниор и Карлик Џонс.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО