Обрадовиќ: Има некои елементи во синоќешниот меч кои не би сакал да ги коментирам!

Кошаркарите на Црвена Звезда го победија Партизан синоќа во рамки на 18. коло од АБА лигата со 88:86, а моментално имаат скор од 16-2, додека Партизан има нешто послаб скор (13-5).

Избраниците на Жељко Обрадовиќ повторно лошо го почна мечот и со доста осцилации во играта, па таму Црвена Звезда ја направи клучнат апредност која ја држеше цел натпревар.

Партизан настојуваше да се врати и го направи тоа во последната четвртина, дојдоа и до егал на неколку секунди до крајот, но сепак Црвена Звезда повторно дојде до предност која на крајот се покажа како клучна.

– Очигледно одигравме две различни полувремиња, Звезда добро отвори, имаа голема предност, одбраната ни недостасуваше. Реакцијата на тимот во вториот дел беше одлична, горд сум на моите играчи, можевме на крајот и да ги добиеме, но не погодивме во шутот за победа.

– Им честитам на нашите опоненти на победата. Има уште детали во дербито за кои не би сакал да коментирам премногу пред деталната анализа, порача Жељко Обрадовиќ.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО