Обрадовиќ го посочи моментот кога ќе мора да замине од Партизан

Тренерот на „црно-белите“ од Белград, во емисијата 360 степени, одговараше на прашања поврзани со Партизан и рече дека кога би видел дека навивачите веќе не го посакуваат, тоа ќе биде знак за да си замине.

Според неговите зборови, моментот кога тој ќе процени дека навивачите се против него, ќе стане и ќе си замине од кормилото.

– Најважни за секој еден клуб, се навивачите. Кога тие ќе тргнат критично кон мене, ќе ми дадат знак дека морам да заминам. Имав среќа низ кариерата што никаде не добив отказ, каде заминав да работав, имав голема поит, од клубот, па се до навивачите. Но оној кој работи, тој знае и да згреши, така да, кога ќе проценам дека навивачите веќе не стојат зад мене, јас ќе заминам, порача Обрадовиќ.

Тој исто така низ дел од интервјуто порача дека нема никаков однос со првиот човек на кошаркарскиот клуб Црвена Звезда, Небојша Човиќ, што најдобро ја отсликува ситуацијата во кошаркарска Србија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО