Обложувачки скандал ја тресе Германија. Во минатите две години наместени 17 натпревари?

Тежок фудбалски скандал ја тресе Германија, поради сомневања дека во минатите две години биле наместени 17 натпревари. Информации за ова донесе германскиот весник „Хамбургер Моргенпост“, кој наведува дека сомнителни се натпревари од третиот па до највисокиот ранг.

За скандалот е информиран и Германскиот фудбалски сојуз (ДФБ) и во моментов се води истрага која ја окарактеризираа како многу сериозна.

Полицијата ја презела истрагата поради сомневањата дека измамите и обложувањата се правеле заради остварување висок профит. Инспекторите, наводно, пронашле потенцијални докази во кореспонденцијата која била анализирана за да се докажат криминалните дејствија.

Несомнено е дека ова би бил еден од најголемите скандали во последно време во светот на фудбалот, особено што доаѓа од Германија, каде шѕо сите веруваат во законите и ретко кој се сомнева дека таму се местат натпревари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО