Објавени снимките од насилното влегување на хулиганите на стадионот „ЈНА“ (Видео)

Се појавија и снимките од скандалот кој се случи рано изутрина на фудбалскиот терен „ЈНА“, ден пред големото дерби кај соседите.

Имено, група од десетина хулигани, во четири часот наутро, успеа некако да влезе на стадионот на Партизан и да го оштети тревникот со одредена киселина и нафта.

Тие брутално влетаа на стадионот на Партизан, па направија штета на теренот, која денеска беше видлива со голо око, пред пресметката со Црвена Звезда утре вечер.

Голема е неизвесноста дали воопшто и ќе се игра 174. дерби во Србија, бидејки мора да се лоцираат луѓето кои направија голема штета на теренот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО