Трапановски за прв пат во составот на Македонија за мечевите со Фарските Острови и Ерменија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за натпревари против Фарски Острови (7. септември) и против Ерменија во Скопје (10. септември) од новото издание на Лигата на нации (ЛН).

Деби повик во најдобрата селекција доби Кристијан Трапановски од шкотскиот Данди јунајтед. Поради повреда отпадна голманот, Дејан Илиев. На списокот на Милевски се следните 26 фудбалери:

ГОЛМАНИ: Столе ДИМИТРИЕВСКИ – Валенсија (Шпанија), Дамјан ШИШКОВСКИ – Борац Бања Лука (БиХ), Игор АЛЕКСОВСКИ – Работнички

ОДБРАНА: Висар МУСЛИУ – Падерборн (Германија), Никола СЕРАФИМОВ – Фехервар (Унгарија), Јован МАНЕВ – Адана Демирспор (Турција), Езѓан АЛИОСКИ – Ал Ахли (Саудиска Арабија), Бојан ДИМОВСКИ – Акрон Толјати (Русија), Ахмед ИлјАЗОВСКИ – Хвидовре (Данска), Стефан АШКОВСКИ – Шанлиурфаспор (Турција), Ѓоко ЗАЈКОВ – Крајова (Романија), Дарко ВЕЛКОВСКИ

СРЕДЕН РЕД: Енис БАРДИ – Трабзонспор (Турција), Јани АТАНАСОВ – Краковија (Полска), Агон ЕЛЕЗИ – Бохум (Германија), Тихомир КОСТАДИНОВ – Пјаст Гливице (Полска),  Елиф ЕЛМАС – Лајпциг (Германија), Исник АЛИМИ – Сепси (Романија), Давид БАБУНСКИ – Данди јунајтед (Шкотска)

НАПАД: Бојан МИОВСКИ – Џирона (Шпанија), Милан РИСТОВСКИ – Бохемијанс 1905 (Чешка), Дарко ЧУРЛИНОВ – Јагиелонија (Полска), Александар ТРАЈКОВСКИ – Хајдук (Хрватска), Лирим ЌАМИЛИ – Сондерјиске (Данска), Димитар МИТРОВСКИ – Вараждин (Хрватска), Кристијан ТРАПАНОВСКИ (Данди јунајтед, Шкотска)

Собирот на македонската репрезентација е закажан за 2. септември во Скопје.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО