Нови имиња на Олд Трафорд

Во редовите на повеќекратниот првак на Англија Манчестер Јунајтед се подготвуваат за нови имиња во средниот ред. Планот би требало да се реализира во летниот преоден рок, а целта е да се донесат двајца нови играчи.

Во фокусот на вниманието се: Елиот Андерсон од Нотингем Форест, Адам Вартон од Кристал Палас, Карлос Балеба од Брајтон и Алекс Скот од Бурнемут.

На ова се надоплува дека од клубот можно е да заминат Бруно Фернандеш, Касемиро и Мануел Угарте, додека неизвесна е судбината и на Коби Маино.

Доколку „црвените ѓаволи“ успеат да ја реализираат оваа своја идеја можно е да се ослободат од високите договори на дел од играчите, а секако дека ќе имаат фудбалери во своите редови кои се помлади од актуелните.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО