Новески: Репрезентацијата е над секое име и личен интерес

Репрезентацијата е над секое име и над секој поединечен интерес. Лични битки и фрустрации не ѝ носат ништо добро на Македонија“, порача денеска раководителот на скаутинг службата во Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Николче Новески.

Реакцијата на долгогодишниот македонски репрезентативец доаѓа како одговор на критиките што поранешниот селектор Игор Ангеловски ги упати на адреса на раководството на ФФМ по повод изборот на новиот предводник на националниот тим Гоце Седлоски.

„Македонскиот фудбал и репрезентацијата не смеат да бидат заложници на поединец, особено не на човек кај кого личната суета и карактерот излегуваат во преден план. Во ваков момент ни треба целосна поддршка за репрезентацијата, ангажираност и сплотеност од сите што и мислат добро, а не обиди за самопромоција и поделби“, наведе Новески.

Управниот одбор на ФФМ во вторникот го назначи актуелниот тренер на Вардар, Гоце Седлоски, за нов селектор на местото на Благоја Милевски, кому на крајот на ноември му истече четиригодишниот мандат.

„Мислам дека е време за нови лица и создавање на нови стручни кадри во фудбалот. Секој треба да добие шанса, а времето ќе покаже дали е оправдана довербата“, порача Новески.

ФОТО: ФФМ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО