Домашните ракометни натпреварувања стартуваат и оваа сезона со „пресметката“ на шампионот и победникот во купот во рамки на Супер купот. Тоа ќе биде уште една пресметка на големите ривали Еурофарм Пелистер и Вардар.
Натпреварот ќе се игра на 3 септември, а останува дополнително да биде одредено место каде ќе се игра натпреварот.
На седумте досега одиграни натпревари во рамки на Супер купот Вардар има четири пехари, Еурофарм Пелистер два и еден Алкалоид. Последното издание се играше во Гевгелија, а Алкалоид славеше победа над Еурофарм Пелистер.