Рубен Аморим се чини дека и тоа како жали што ја прифати понудата да дојде на “Олд Трафорд“ и да го преземе Манчестер Јунајтед. Додека беше стратег на Спортинг Лисабон важеше за еден од најдобрите тренери во светот, а сега во Јунајтед за само два месеци го урна се она што со години макотрпно го градеше во својата тренерска кариера.
Секојдневно излегуваат нови и нови проблеми во клубот, а најново е тоа што од раководството на клубот му кажале дека нема шанси тој да добие нови имиња или засилувања во текот на зимскиот преоден рок.
Тоа може да се случи само под услов ако клубот некого продаде и со тие пари купи нов играч, само така.
По се ова веројатно Португалецот си помислил – каде ли јас дојдов?
Причина за ова е тоа што во летниот преоден рок Манчестер Јуајтед купи пет нови играчи и потроши 206 милиони евра и ако сега купува тогаш ќе се соочи со финансиските правила во Премиер-лигата.