Српскиот кошаркар во дресот на Денвер Никола Јокиќ на ноќешниот натпревар против Јута го „запиша“ својот 178 трипл-дабл во кариерата. Тој сега има само три помалку од легендата Оскар Робертсон. Јокиќ реализираше 14 поени и по 13 скокови и асистенции.
Денвер ја совлада Јута со 135:112.
Најефикасни на дуелот беа Џамал Мареј со 27 поени, Пејтон Вотсон и Кем Џонсон реализираа по 20, а Јонас Валанчунас постигна 12 поени и 11 скокови.
На другите дуели одиграни ноќеска беа постигнати следниве резултати: Кливленд – Шарлот 139:132, Бостон – Индијана 103:95, Њу Орлеанс – Далас 119:113, Денвер – Јута 135:112, Оклахома Сити – Мемфис 119:103, Голден Стејт – Орландо 120:97 и Портланд – Детроит 102:110.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: