Претходните денови многу полемики покрена Имане Келиф, наводната боксерка од Алжир на која и беше одобрено да се натпреварува на Олимписките игри (ОИ) во Париз. Таа лани беше дисквалификувана од Светското првенство (СП) бидејќи не можеше да и го одредат полот!
Келиф беше дисквалификувана пред финалето во Њу Делхи бидејќи беше утврдено дека има многу повисоко ниво на тестостерон од дозволеното, и кога почнаа да се појавуваат сомнежи дали таа воопшто е жена.
Овојпат таа и покрај скандалот доби дозвола од Интернационалниот олимписки комитет (ИОК) да се натпреварува на ОИ во Париз. Во првиот меч таа боксуваше против Анџела Карини од Италија, која го напушти мечот по само 46 секунди!
Angela Carini abandons her fight against Imane Khelif, a biological male, just a few minutes into the match.
Ban men from competing in women’s sports! pic.twitter.com/GLVBgJycvF
— Clown World ™ 🤡 (@ClownWorld_) August 1, 2024
Двете натпреварувачки влегоа во рингот, а Имане во првите неколку секунди двапати ја удри Анѓела во главата по што таа тргна во својот агол, а потоа реши, со солзи, да и го предаде мечот на противничката. Таа кажа дека ударите биле пресилни за да ја продолжи борбата.
Во меѓувреме, италијанските медиуми ангажираа читач од усни кој успеал да прочита што кажала Анѓела во нејзиниот агол, кога решила да се повлече.
– Боли како пекол. Добив втор удар во носот и толку ме болеше што не сакав да продолжам. Дали дозволив да бидам под влијание на медиумскиот случај?
Не, јас бев тука за да победам на Олимписките игри. Откажувањето беше гест на зрелост, а не на предавање.