НБА лигата секој петок ја објавува новата листа за МВП наградата, а по неколку месеци доминација на Никола Јокиќ од Денвер, на лидерската позиција се појави името на Шеј Гилџус-Александер од Оклахома Сити.
Актуелниот лидер во моментов е меѓу водечките стрелци на лигата, а добри карактеристики има и во дефанзивните статистички податоци. Има просек од 31,9 поени по натпревар; 4,5 скокови и 6,4 асистенции. Без проблеми постигнува по 30 поени, а неговиот тим Оклахома Сити е лидер на Западната конференција со скор 35-7 (победи-порази).
Јокиќ поради повреда на коленото три недели е надвор од теренот и беше очекувано да биде симнат од првата позиција. Јокиќ сезонава има 29,6 поени по натпревар; 12,2 скока и 11 асистенции.
На новата листа скок имаат Лука Дончиќ (трето место) и Виктор Вембањама (четврто место).
Фото: ЕПА