Нотингем форест го ангажираше португалскиот репрезентативец, Жота Силва од португалскиот прволигаш Виторија, на четиригодишен договор.
Силва, 25-годишниот напаѓач постигна 15 гола на 42 натпревари за Виторија минатата сезона, што му донесе и покана за настап во репрезентацијата од селекторот на Португалија, Роберто Мартинез во март.
Форест минатата сезона заврши на 17. место во Премиер лигата, шест бода над местата за испаѓање. Тимот на Нуно Еспирито Санто постигна 49 гола во првенството, и затоа португалскиот менаџер сакаше да додаде дополнителен квалитет во првата напаѓачка линија.
Форест летово во одбраната се засили со Србинот, Никола Миленковиќ од Фиорентина и со Елиот Андерсон од Њукасл, во средниот ред.