Норвешка во драматична завршница ја совлада Шпанија

Репрезентацијата на Норвешка ги освои првите бодови во втората фаза откако во драматичен натпревар ја совлада Шпанија со 35:34. Во првиот дел резултатот беше изедначен, а потоа во второто полувреме имаше голема борба и интересна завршница.

Шпанија имаше предност од 26:23, но Норвешка успеа да стигне до минимална предност, а со голот на Тобиас Грандал во последната минута обезбедија водство. Шпанија имаше последен напад, а судиите по прегледување на видеоснимката одлучија дека нема прекршок за седум метри и победата им припадна на ракометарите на Норвешка.

Најефикасен на дуелот беше Аугуст Педерсен со 11 голови.

Во последниот натпревар од денешната програма играат Данска и Франција (почеток 20:30 часот), додека Германија ја совлада Франција со 32:30.

Фото: ЕПА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО