Италијанската фудбалска репрезентација синоќа загуби од Норвешка со 1:4 на домашен терен во квалификациите за Светското првенство 2026.
Франческо Еспозито го постигна единствениот гол за домаќините, додека Ерлинг Халанд (два гола), Антонио Нуса и Јерген Штранд Ларсен ги постигнаа головите за гостите.
Норвешка е прва со 24 бода по осум натпревари. Италија заврши втора во Група И (18 бода по осум натпревари) и ќе игра во плејофот.
Во паралелен натпревар во Група И, Израел ја победи Молдавија со 4:1. Натпреварот се одигра во Кишињев.
Израел заврши на третото место со 12 бода, додека Молдавија заврши последна со само еден бод.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: