Ландо Норис ја освои шестата пол-поизицја во кариерата петта оваа сезона. Возачот на Мекларен од првото место ќе ја започне трката за Големата награда на Сингапур. Квалификациите ги обележа катастрофата на Ферари, Шарл Леклер и Карлос Саинц ќе стартуваат од деветтото и десеттото место.
Норис ја потврди дека Мекларен во моментов го има најдобриот болид. Го искористи фактот што во третата сесија сите имаа псамо по еден обид да постават најбрз круг.
Со време Норис 1:29:525 минути дојде до пол-позицијата. Две десетински зад него беше лидеот во вкупниот пласман, актуелниот шампион Макс Ферстапен.
Вториот ред им припадна на возачите на Мерцедес, Луис Хамилтон и Џорџ Расел.
Петти на стратот ќе биде победникот од Баку, Оскар Пјастри, кој во текот на целиот викенд не можеше да го прати темпото на тимскиот колега Норис.
Следуваат Нико Хулкенберг (Хас), Фернандо Алонсо (Астон Мартин), Јуки Цунода (РБ) и двоецот на Ферари Леклер и Саинц.
Карлос Саинц, заврши во ѕидот во подготвителниот круг на самиот почеток на последната сесија.
За разлика од Шпанецот, единственото време кое Леклер го постави во последната сесија беше избришано бидејќи излета од патеката в 19 свиок.