Ноер го доби првиот црвен картон во кариерата, Баерн испадна од Купот

Голманот на Баерн Минхен, Мануел Ноер доби директен црвен картон во 17. минута од осминафиналето од Купот на Германија против Баер Леверкузен, што за него беше прво исклучување во кариерата!

Звучи неверојатно, но Ноер (38) никогаш досега не „поцрвенел“ на 867-те натпревари во клупската и репрезентативна кариерат која трае 21 сезона.


Ноер истрча од својот шеснаесетник и го удри Џереми Фримпонг со рамото, толку силно што го собори на тревата. Освен што ударот беше силен, на овој начин Ноер го запре и опасниот контранапад и шансата за гол на Баер.

На полувремето беше 0:0, но во продолжението од мечот, во 69 минута прецизен беше Нејтан Телја за победа Баер од 1:0.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО