Ништо повеќе нема да биде исто – изјавата на Тухел предизвика „земјотрес“ во соблекувалната на Баерн

Фудбалерите на Баерн им приредија лош викенд на своите навивачи бидејќи беа поразени од Вердер во 18. коло од Бундес лигата. Конечниот резултат гласеше 1:0 за гостинската екипа.

Овој пораз му создаде големи проблеми на Баерн, кој сега заостанува седум бода зад лидерот Баер Леверкузен, но има и натпревар помалку.

Сепак, она за што говори цел Минхен е изјавата на тренерот на Баерн, Томас Тухел по поразот од неговиот тим.

Тухел очигледно решил да префрли голем дел од одговорноста на играчите, а како што пишуваат германските медиуми тоа не им се допаднало.

-Не сакам повеќе да кажам дека тренираме добро. Веќе никој не верува. Мора да ги прашаме играчите. Немаше константнот во нашата игра денес. Го заслуживме поразот, изјави Тухел.

Како што пренесуваат германските медиуми, оваа изјава одекнала во соблекувалната на Баерн и тоа воопшто не им се допаднало на играчите на овој тим.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО