Никола Јокиќ си обезбеди место во историјата на ОИ

Српските кошаркари ја освоија бронзата на Олимписките игри (ОИ) во Париз, совладувајќи ги Германците со 93:83. Тие беа предводени од Никола Јокиќ, кој стана четвртиот играч во историјата на ОИ со трипл-дабл ефект (19 поени, 12 скока и 11 асистенции).

Пред него само тројца кошаркари имаат забележано трипл-дабл на ОИ. Првиот беше легендарниот советски крилен центар, Александар Белов беше во Монтреал 1976 година, потоа тоа му успеа на Леброн Џејмс, двапати, во Лондон 2012 и во Париз 2024-та, и на Лука Дончиќ во Токио пред три години.

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО