Фудбалскиот шампион на Македонија, екипата на Струга ТЛ ангажира уште едно засилување во пресрет на новата сезона. Од вчера нов играч на стружани е Ланре Кехинде, кој е еден од деветте нови фудбалери што ќе играат за Струга во новата сезона.
Нигериецот се сели крај езерото од екипата на Гостивар, каде што настапуваше минатата сезона. Според информациите, тој со Струга ТЛ потпишал договор на една сезона.
Минатата сезона во ПМФЛ, Кехинде постигна 12 гола и забележа пет асистенции, на 23 натпревари. Стружани денеска заминуваат за Братислава каде што утре ќе го одиграат првиот меч против Слован, во првото квалификациско коло од Лигата на шампиони (ЛШ).