Катаржина Невјадома од Полска победи на годинашниот женски велосипедски Тур де Франс, пред ланската победничка, Холанѓанката Деми Волеринг.
Невјадома (29) заврши на четвртото место на Алп д’Уез и се расплака кога сфати дека направила доволно за да го задржи водство во генералниот пласман за четири секунди.
Во драматичната финална, осма етапа долга 149,9 км, победи главната фаворитка за триумф и на годинашната трка, Волеринг, но не успеа да ја надомести негативата од 1,15 минути.
– Толку е лудо, да бидам искрена. Целата последна етапа беше како незапирлива вртелешка. Искачувањето беше ужасно, многу тешко, мразев сè. Потоа кога стигнав на целта и дознав дека сум победила на Тур де Франс… лудо, изјави Невјадома.
Втора во генералниот поредок беше Паулена Рујакерс од Холандија, а трета Евита Мужиќ од Франција.