Нестварен пресврт во „Борис Трајковски“ – Македонија избори пласман на СП

Ракомeтната репрезентација на Македонија избори пласман на Светското првенство, откако во реваншот од баражот славеше над Фарските Острови со 34:26 (15:11).

Македоските ракометари го одиграа најдобриот натпревар во ерата на селекторот Кирил Лазаров, успеаја да ја надопонат негативата од седум голови која ја имаа по првиот натпревар и се пласираа на планетарната смотра.

Тактички, Македонија одигра перфектен натпревар. Лазаров изненади со 5-1 формацијата во одбраната, на која Фараните не успаја да најдат решение и со својот „седум на шест“ напад.

Ако одбраната беше гранитна, нападат беше исклучително трпелив. Без брзање и беа паника, полека Македонија ја топеше предноста на гостите.

На полувреме минусот беше три гола, на стартот од вториот дел Македонија повреде со пет голови, а во 45.минта разликата беше посакувани +8 за Македонија.

Таа разлика, момците на лазаров успеаја да ја одржат до последниот звук на сирената.

Најистакнати поединци во големаа победа беа Пешевски со осум гола, со 100 отстотна реализација, гол помалку постигна Кузмановски, а Митев натпреварот го заврши со шест гола.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО