Никола Јокиќ, тројниот МВП во последните четири години во НБА-лигата, доживеа неочекувано понижување од раководството на НБА лигата.
И покрај тоа што официјално е најдобриот играч во НБА, и покрај тоа што беше најзаслужниот и за олимпискиот бронзен медал на Србија во Париз, сепак не најде место на плакатот со кој е најавен распоредот за следната сезона.
На официјалното претставување на новата сезона, распоредот и календарот, на официјалниот постер го нема најдобриот кошаркар во светот!