Нејмар: Нашите ега не уништија и љубомората на Мбапе кон Меси

Нejмар (32) откри детали од турбулентната кариера во големото интервју со легендарниот сонародник Ромарио.

Како дете бев под голем притисок. Секој ден добивав повици од Реал Мадрид и Барселона. Буквално, секој ден ми се јавуваа претседателите на двата клуба и ме убедуваа да дојдам. Се замислував себеси во двата дреса. На крајот, го послушав своето срце и ја избрав Барселона и не се каам затоа што ги избрав нив, а не Реал. За нив тогаш играше Роналдињо, потоа дојде Меси и сакав да бидам негов соиграч“.

Нејмар за четири години во Барселона (2013-2017) освои две шампионски титули, три купа и една Лига на шампиони. За Барселона одигра 186 натпревари, постигна 105 и забележа 76 асистенции.

Сепак, четири години подоцна го шокираше светот кога за рекордби 222 милиони евра од Барселона се пресели во ПСЖ.

„Парите беа причината. ПСЖ ми даде повеќе отколку што имав во Барселона, имаше Бразилци во Париз. Сакав да играм со нив. Тиаго Силва, Дани Алвеш, Маркињос, Лукас Моура. Сите тие ми се пријатели“.

Покрај неговите пријатели, таму беше и Килијан Мбапе. Не е тајна дека Нејмар не се согласуваше со шест години помладата суперѕвезда.

„Имав расправии со него, нашите мали караници. Тој беше момче, го нареков Златно момче. Му реков дека ќе биде еден од најдобрите, секогаш се трудев да му помогнам и да разговарам со него“.

Чњетири години по Нејмар и Меси од Барселона се пресели во ПСЖ. Тие двајца заедно со Мбапе требаа, но не успеаја да му ја донесат на ПСЖ титулата во Лигата на шампионите.

Јасно беше дека односот меѓу најолемите ѕвезди не е добар. Ромарио го праша Нејмар која е причината.

„Его. Его. Добро е да имаш его и да мислиш дека си најдобар, но тогаш треба да сфатиш дека не играш сам. Фудбалот е таков сега што е невозможно да се победи ако сите не го даваат максимумот“.

Тој откри уште една причина зошто потфрли триото на ПСЖ: „Кога дојде Лео, Мбапе стана љубоморен на него. И така почнаа расправиите“.

Нејмар сè уште со задоволство се навраќа на своето време во ПСЖ, за кој играше од 2017 до 2023 година: „Мојот врв беше во ПСЖ. Играв таму на начин на кој дефинитивно ќе ја освоев Златната топка да не беа повредите, од кои некои беа сериозни. Да, навистина ја сакав Златната топка, но можам да живеам без неа“.

На крајот, Нејмар, кој за две недели ќе го прослави 33 роденден, изјави: „Не се каам за ништо во кариерата. Сите грешки што ги направив беа поради мојот избор и ми помогнаа да пораснам и созреам како личност“.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО