Недев ќе одржи ИТКФ семинар во Париз

Македонскиот каратист Дејан Недев викендов ќе одржи ИТКФ карате семинар во главниот град на Франција.

Семинарот се организира на покана на Француската федерација за традиционално карате и претставува значаен меѓународен настан во рамки на ИТКФ.

– Овој семинар е продолжение на традицијата на врвни семинари кои во минатото беа организирани под водство на основачот на ИТКФ и легендарниот карате мајстор Хидетака Нишијама. Дејан Недев долги години беше негов близок соработник и асистент, а денес ја продолжува неговата мисија, активно придонесувајќи за развојот и ширењето на традиционалното карате ширум светот, соопшти МТКФ.

Организацијата на овој семинар во Париз уште еднаш ја потврдува меѓународната репутација на Дејан Недев и неговиот континуиран придонес кон зачувувањето на автентичните вредности на традиционалното карате.

Фото: МТКФ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО