Капитенот на Монпелје, Тежи Саваније научи на потешкиот начин како социјалните мрежи можат да ве доведат во големи неволји.
Неговиот клуб ја има една од најлошите сезони во блиското минато, бидејќи се наоѓа на последното место на табелата во Лига 1, а неодамна испадна од Купот на Франција од четвртолигашот Ле Пуј Фут.
На сите негови маки излезе снимка од тој натпревар на која навивачите на малиот клуб додека Саваније изведува корнер, на шега го прашуваат својот ривал:
„Како е чувството да се биде најлош во Лигата? Мора да боли?“. Савеније им одговори, но поодбро ќе му беше да молчи.
„Не баш кога заработувате 210.000 евра месечно“.
Не требаше долго видеото да стане вирално, а Саваније да се најде на удар, не само од јавноста, и навивачите, туку и од соиграчите.
Толку многу што мораше јавно да се извини преку официјалната веб-страница на клубот.
„Јас, како и целиот тим, поминувам низ комплициран период, но тоа не ги оправдува моите зборови. Целосно сум посветен на одбраната на овој грб и ќе продолжам да се борам со соиграчите за да ја исправиме ситуацијата“, изјави Саваније.