Македонскиот интернационалец Бојан Миовски, со добрите игри во дресот на Абердин минатата сезона, го привлече вниманието на доста европски екипи.
За него постои интерес од повеќе екипи, а се чини дека први во редот за негов ангажман е италијанскиот клуб Џенова, клуб во кој некогаш настапуваше Горан Пандев.
Во Џенова бараат нова гол-машина, а Миовски бил еден од петте избори кои клубот ги разгледувал. Калчолигашот не беше задоволен во целина од учинокот на офанзивците Ретеги и Гудмундсон, па можно еден, па дури и двајцата да бидат ставени на листа за отстрел, се со цел да го ангажираат Миовски.
Според некои непотврдени информации, шкотскиот клуб Абердин за Миовски бара 8 милиони евра, плус четири милиони во разни бонуси, а прашање е дали Џенова ќе сака да инвестира таква цифра во македонскиот голгетер.