Навивачите на Барселона почнаа да уплаќаат симболични суми пари на официјалната ТикТок сметка на клубот за да соберат пари за купување на напаѓачот Нико Вилијамс (22).
Но, и покрај добрата волја на навивачите на Барса, донациите означени како „награди“ на ТикТок не би биле од голема помош за клубот бидејќи се движат од пет центи до едно евро!
Младиот крилен напаѓач на Атлетик Билбао стана една од главните мети на водечките европски клубови по одличните настапи во дресот на „фуријата“ на Европското првенство (ЕП).
Вилијамс, кој постигна два гола, вклучувајќи го и првиот во победата на Шпанија од 2:1 над Англија во финалето, играше одлично во нападот, со напаѓачот на Барселона Ламин Јамал, кој беше прогласен за најдобар млад играч на турнирот.
Навивачите на Барса сакаат да го видат напаѓачкото дуо Јамал – Вилијамс во дресот на каталонскиот клуб.
„Потпиши Нико“, „100% ни треба Нико“ и „За Нико Вилијамс“ се некои од коментарите заедно со донациите на видеата на Барселона за ТикТок.
Barcelona fans are sending donations on TikTok to the team telling them to buy Nico Williams 😂💀 pic.twitter.com/vBBsiCjGiW
— ESPN FC (@ESPNFC) July 18, 2024
Според Трансфермаркт, пазарната вредност на Вилијамс е околу 70 милиони, а Атлетик веќе најави дека нема да го пушти за помалку од 60 милиони евра.