Голема прашина се крена околу Џејмс Нанели, кому „црно-белите“ официјално му се заблагодарија за се’ и соопштија до јавноста дека договорот не му е продолжен. Тренерот на Партизан, Жељко Обрадовиќ, наводно сакал Нанели да се повлече во „црвено-белиот“ дрес!
Претходно првиот човек на клубот, Остоја Мијаиловиќ изјави дека договорот нема да биде продолжен поради дисциплинската постапка што се води против играчот, за во меѓувреме и самиот Нанели јавно да му се обрати на претседателот на Партизан.
Потоа Нанели откри што го замолил Жељко Обрадовиќ. „Жоц годинава најмалку четири пати ме замоли да останам додека не одлучам да се пензионирам, но добро сега“!
Инаку, Мијаиловиќ пред објавата на Партизан за Нанели рече:
– Тој е многу добро момче кое е запишано во историјата на Партизан. Но не смееме да го заборавиме инцидентот со играчот на Звезда на крајот од минатата сезона.
Жељко Обрадовиќ реши да не игра иако беше најдобар играч на претходниот натпревар. Замислете инцидентот да се случеше на натпревар, па да не дисквалификува од Евролигата.
Со договорите играчите ги потпишуваат и дисциплинските прописи кои мора да се почитуваат. Нанели е казнет поради тепачка со играч на Ѕвезда. Сега сме во вакуум период, не сме се ни збогувале со него, истакна Мијаиловиќ.