Познатиот сајт – „Трансфермаркт“, ја објави листата на најскапите фудбалери во светот откако ја ажурираше нивната проценета вредност. Првите четворица имаат идентична пазарна вредност од 180 милиони евра.
Тоа се: Џуд Белингем, Винисиус и Килијан Мбапе сите од Реал Мадрид заедно со голгетерот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд. Играчот на „граѓаните“ Фил Фоден вреди 150 милиони додека Букајо Сака од Арсенал – 140.
Во групата проценета на 130 милиони влегуваат: Флоријан Вирц (Баер Леверкузен), Џамал Мусиала (Баерн М) и Родри (Манчестер Сити).