Карлос Алкараз ќе се бори до крајот на сезоната да ги урне Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер. Алкараз моментално е на 3. позиција на АТП листата, зад Ѓоковиќ на втората и Синер на водечката позиција.
Италијанскиот тенисер води со 8.770 бодови, Ѓоковиќ го следи со 8.460, па следува Алкараз со нешто помалку од 8, односно 7.950 бодови.
Тој воопшто не е загрижен, бидејки е фокусиран и верува дека може да ги симне од тронот до крајот на сезоната.
– Да се биде број1 во светот е голема цел за мене, оваа трка е важна за мене. Фокусиран сум на тоа, фокусиран сум да одам на секој турнир и да играм добар тенис. Еден од моите главни цели е да бидам број1 на крајот од годината. Така да со нетрпение ги очекувам следните турнири, порача Алкараз.
Carlos Alcaraz says one of his main goals is to finish the year as the world #1:
“Obviously, being No. 1 is a goal every time I’m [behind] and the race is an important ranking for me. At the end of the year, if you finish the race No. 1, in the standings [it’s] pretty close, so… pic.twitter.com/qlAjn0CMHg
— The Tennis Letter (@TheTennisLetter) August 12, 2024