Најдобрите македонски фудбалерки поразени од Летонија

Женската фудбалска репрезентација на Македонија забележа пораз со 2:1 на домашен терен против селекцијата на Летонија во рамките на претпоследното коло од групата 2 (Лига Ц) од квалификациите за пласман на Европското првенство кое 2025 година ќе се одржи во Швајцарија.

Стрелец на првиот погодок на средбата беше Полуховича во последните моменти од првото полувреме, искористувајќи го максимално нашето невнимание во одбраната.

Голот за израмнување на резултатот го постигна Наташа Андонова со прекрасен удар од далечина во судиското продолжение. Шевчова со гол буквално во последната секунда од мечот ги постигна конечните 2:1 за селекцијата на Летонија.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО