Маркус Рашфорд реши да си ја отвори душата и да се осврне на својот статус во оМанчестер Јунајтед од доаѓањето на Рубен Аморим.
Португалецот го „прецрта“ Рашфорд поради недоволна ангажираност на тренинзите и не настапи на дербито со Сити, а Англичанецот на сите гласини одговори дипломатски.
„Јас лично мислам дека сум подготвен за нов предизвик и следен чекор. Но, кога ќе заминам, сакам да го направам тоа на вистински начин, без литење. Нема да слушнете негативни коментари од мене за Манчестер Јунајтед, бидејќи јас сум таков човек. Знам дека ситуацијата е веќе лоша, па затао не сакам дополнително да ја влошам“, рече Рашфорд.
Англиските медиуми шпекулираат дека Јунајтед веќе во зимскиот преоден рок ќе слуша понуди за Рашфорд и дека ќе му биде дозволено да си замине во случај некој да реши да плати 55-60 милиони евра. Сепак, најголем проблем за потенцијалните купувачи е неговата огромна плата, бидејќи тој е еден од најплатените играчи во Премиер лигата.
Рашфорд има 27 години и вистинското прашање е каде може да ја продолжи кариерата и повторно да ја најде вистинската форма.