Надал заврши со активното играње, но нема да мирува

Брилјантната и тешко повторлива кариера на Рафаел Надал заврши со поразот на Шпанија од Холандија во четвртфиналето на Дејвис купот. Еден од најдобрите тенисери на сите времиња потврди дека со овој пораз завршува неговата професионална тениска кариера.

Почна во 2001-та, а заврши 23 години подоцна. Во текот на кариерата, леворакиот шпански ас стана единствениот тенисер во историјата кој три децении беше светски рекет број 1. Тој побед на 92 турнири, од кои 22 од грен слем категоријата и 36 од серијата Мастерс 1000.

„Кралот на земјените терени“, како што го нарекуваат 14-кратниот победник на Ролан Гарос, четири пати победи на САД опен, и по двапати на Вимблдон и на Австралија опен. Само од настапите на турнирите тој во кариерата има заработено 134,95 милиони долари.

Завршувањето на професионална кариера го наметнува прашањето што ќе прави сега Надал, а одговорот на тоа доаѓа од шпанските медиуми. Неговиот нов живот е веќе преполн со зделки и соработки, меѓу кои се веројатниот спектакл со неговиот голем ривал Роџер Федерер на „Сантијаго Бернабеу“ и обврските што ги има како амбасадор на Саудиска Арабија и тенисот.

Тој ќе им се посвети и на своите тениски академии, а се очекува тој и Федерер да бидат избрани за Лејвер купот. Дополнително, актуелниот селектор на шпанската Дејвис куп репрезентација го гледа Надал како свој наследник. Надал сега дополнително внимание ќе насочи кон своите брендови, како и рестораните што ги има ширум светот.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО