По објавувањето за крај на соработката меѓу шпанскиот тенисер Карлос Алкараз и неговиот тренер Хуан Карлос Фереро, првиот тренер на тенисерот Карлос Сантос даде интересно видување за надминување на проблемот.
– Рафаел Надал би бил фантастичен тренер за Карлос. Неговото воспитување, неговите вредности, карактер и скромноста. Тоа многу корисно за Карлос и сите околу него, истакна Сантос.
Притоа тој надополни дека Шпанија има исклучително многу поранешни квалитетни тенисери кои би можеле да му помогнат на Алкараз за напредува.
Разделбата меѓу Алкараз и Ферер предизвика бројни реакции во тенискиот свет, а името на Надал сè почесто се споменува како потенцијална опција за тренерско име покрај освојувачот на неколку Грен слем титули.
Фото: ЕПА
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: