На САД опен прекинати натпревари поради необична причина

Вчерашните натпревари на САД опен во попладневната програма, беа прекинати 10-на минути поради бизарна причина. Во зградата, каде што е поставен системот „око соколово“, односно системот за електронско судење, се огласил аларм за пожар и сите морале да ја напуштат зградата.

Веста стигна до супервизорите на турнирот, а потоа и до судиите на теренот, кои им објаснија на тенисерите дека мора да го прекинат мечот.

Во женска конкуренција во соблекувална мораа да одат Каролине Вознијацки и Беатрис Хадад Маја кои го играа осминафиналето, а меѓу другите беше прекинат и мечот Данил Медведев и Нуно Борхес.

Се испоставило дека станува збор за лажна тревога, па вработените кои го одржуваат системот брзо се вратиле на своите места и натпреварите продолжиле. Медведев на крајот лесно го совлада Борхес со 6:0, 6:1, 6:3 и во четвртфиналето ќе игра против Јаник Синер.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО