Реал Мадрид ги комплетира летните подготовки со завршување на мечот против Челси, кој го победија со 2:1.
Хрватскиот ветеран Лука Модриќ мина на терен 82 минути и играше на нешто поразлична позиција од неговата, а Карло Анчелоти го пофали неговиот настап.
– Лука многу и помага на екипата, затоа што е искусен и знае да им се најде. Тони Крос ја заврши кариерата, па тој се најде практично на неговата позиција, бидејки Камавинга и Валверде се поштедени. Денес беше среден играч за врска, но исто така играше и на левата страна, каде што претходно го имавме Крос, порача Карло Анчелоти.
Сезоната за Мадриѓаните почнува за една недела, кога во Варшава ќе го играат финалето од УЕФА Суперкупот против Аталанта, освојувачите на Европската лига.
Како што стојат работите, Лука Модриќ и на овој натпревар ќе има своја запазена улога.