На ЕП го постигна еден од најатрактивните голови, а сега потпиша за клуб од Премиерлигата

Германскиот фудбалер Никлас Филкруг, потпиша и официјално за екипата на Вест Хем. Борусија Дортмуд од „чеканите“ како обештетување ќе добие 27 милиони евра, плус дополнителни три милиони како бонуси.

Интересирање за овој фудблаер покажа и Милан, но очигледно клубовите не можеа да се договорат за висината на обештетувањето, а Вест хем беше подарежлив во обидот да го ангажира Германецот, додека се реши за Алваро Мората.

По потписот со новиот клуб, тој не го криеше задоволството.

– Навистина сум среќен и со нетрпение чекам да истрчам на теренот со новите соиграчи. Мислам дека Премиер лигата е најдоброто првенство во светот и за мене ова е вистински чекор во кариерата.

Размислував за Вест хем подолг период, го познавам техничкиот директор, Тим Штетен, со кого соработував претходно во Вердер Бремен. Убеден сум дека можам да соработувам добро со менаџерот Хулен Лопетеги, порача Филруг.

Да потсетиме, Филкруг минатата сезона одигра 43 натпревари за Дортмунд, а успеа да постигне 15 голови и 10 асистенции, а на ЕП го имаше еден од најатрактивните погодоци.

 

 

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО