Кошаркарите на МЗТ Скопје остварија победа над Цедевита Јуниор од 87:82 во последниот натпревар од групната фаза во АБА2 лигата.
Од претходно беше познато дека „штрковите“ се без никакви шанси за место во вториот дел од натпреварувањето, но македонскиот првак го одбрани својот дом и славеше во СЦ „Јане Сандански“ за крај на настапот за кампањата 2024/2025.
Избраниците на Атанасов го добија првиот дел со 46:42, ама паднаа во третиот период и дозволија противникот да ја дочека последната четвртина со позитива од 68:64. Сепак последниот збор го имаше составот од Аеродром кој ја одигра најдобрата четвртина во дефанзивна смисла и дојде до славје за учинок 3-3 во групата во која беа уште Тиват и Домжале.
Војдан Стојановски со 17 поени беше прв стрелец, зад него беше Маслико со 12, двоцифрени беа Едвин, Петков и Андоновски.
Рашиќ за поразените реализираше 17 кошеви.