Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром уште еднаш покажаа дека немаат конкурент во македонската кошарка. Тие вечерва во финалето на купот „Благоја Георгиевски – Буштур“ во Куманово го совладаа истоимениот домашен тим со 96:70.
Аеродромци ја освоија својата 14-та куп-титула и четврта по ред, додека Куманово остана без трофеј и по своето второ финале.
Најдобар играч на натпреварот беше Меквин Смит со 23 поени. Воедно тој го доби признанието МВП.
Во победничкиот тим се истакнаа и Гил со 17 поени, Магдевски постигна 12, Танасковиќ имаше двоен број на поени и скокови – по десет.
Луковиќ заврши со 13 поени (и седум скока). Ист број на реализации за МКК Куманово дојдоа од Ѓуроски кој имаше и четири скока, додека Митевски додаде 13.поени (три скока и две асистенции).
Тимот на Куманово беше немоќен да направи нешто повеќе, а очигледен беше заморот кај играчите од двете напорни средби во четвртфиналето со Пелистер и во полуфиналето со ТФТ.
Финалето се одигра пред околу 3.500 илјади гледачи кои направија извонредна атмосфера.
Куманово се покажа како одличен организатор на купот.
Фото: КФСМ
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА: