МЗТ Скопје Аеродром прв финалист во националниот куп

Актуелниот македонски кошаркарски МЗТ Скопје Аеродром, шести пат по ред и 19. пат во својата историја ќе игра во финалниот натпревар од националниот куп.

„Сино-белите“ од Аеродром вечерва во првиот полуфинален меч на турнирот во Куманово, беа многу подобри од екипата на Кожув и славеа победа со 76:58.

Иако ослабени со неиграњето на капитенот Бојчев, екипата од Гевгелија делуваше како доста рамноправен ривал во првиот полуфинален натпревар. По десет минути од играта, МЗТ Скопје имаше 20:18. Одличен почеток имаше младиот Кузманов, кој нанижа девет поени во првата четвртина. Сепак, по 17 минути фаворитот на овој меч се стекна со првата двоцифрена позитива 36:26, на полувреме се отиде со резултат 46:28. Во второто полувреме фаворитот само рутински ја одработи задачата.

За МЗТ Скопје, како „двоцифрени играчи“ во ова полуфинале, Смит Мексвејн реализираше 12 поени, Магдевски и Дамјан Стојановски имаа по 10 (плус шест скока и две асистенции).

Во поразениот тим Кузманов застана на двоен ефект, од 15 поени и 10 скока, Николас уфрли 12 поени (имаше и десет скока), а Симиќ дополни со 12 поени и шест скока.

Во второто полуфинале вечер од 19:30 часот се среќаваат домаќинот Куманово и ТФТ. зс/

Фото: КФСМ

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО