Италијанскиот тенисер Лоренцо Мусети е оптимист дека може да го добие Новак Ѓоковиќ во полуфиналето од Олимписките игри во Париз.
Вечерва од 19 часот ги очекува дуел за финале и евентуална борба за олимписко злато, така да влогот е голем и за двајцата.
– Играм најдобар тенис во животот, подготвен сум да освојам медал, кој Италија го чека 100 години. Против Новак Ѓоковиќ неодамна загубив во пет сетови, тоа беше голема борба и мислам дека пресуди разликата од третиот до петтиот сет во смисла на искуство кај противникот и физичките способности. Олимпискиот турнир од друга страна, се игра на два добиени сетови и очекувам тоа да ми помогне и да играм подобро од претходно. Имам мотивација и тоа ќе го докажам против еден голем тенисер, порача Лоренцо Мусети.
На Новак Ѓоковиќ од друга страна, потребно му е уште олимписко злато за да се закити со сите трофеи кои може да ги освои еден тенисер во модерната Опен ера на тенисот.