Мурињо: Сакам да го елиминирам Реал во ЛШ, но сакам и Арбелоа да ја освои Ла Лига и да остане во клубот

Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, ги искажа желбите пред натпреварите со Реал Мадрид во плејофот на Лигата на шампионите.

-Навистина би сакал да го елиминирам Реал Мадрид од Лигата на шампионите, но сакам Арбелоа да ја освои Ла Лига и да остане во клубот долго време. Тој е одличен човек, го заслужува тоа, изјави Мурињо за „The Touchline“.

Првата средба меѓу тимовите ќе се одржи на стадионот „Естадио да Луж“ во Лисабон вечер со почеток во 21 часот.

Во јануари, Бенфика го победи Реал Мадрид со 4:2 во натпревар од лигашкиот дел на елитното фудбалско натпреварување.

Фото: МИА

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ


НАЈНОВО