Мурињо преговара со Фенербахче

Жозе Мурињо почнал преговори за преземање на турскиот гигант Фенербахче.

Според весникот „Сабах“, претставници на клубот од Истанбул барат замена за актуелниот тренер Исмаил Картал. Португалецот веќе имал една средба со првиот човек на истанбулскиот состав и наводно сам истакнал дека е расположен за соработка.

Последната работа на Жозе беше во Рома, од која доби отказ во јануари, а во последно време се почесто се зборува за негово враќање на клупата на некој од англиските премиерлигашки тимови.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ






НАЈНОВО